​ሕግንና ደንብን በተመለከተ እርዳታ ማግኘት ይፈልጋሉን? - Amharic | هل تحتاج لمساعدة قانونية؟ - Arabic | ܤܢܝܼܩܵܐ ܝ݇ܘ̤ܬ ܠܗܲܝܵܪܬܵܐ ܩܵܢܘܿܢܵܝܬܵܐ؟ - Assyrian | Need Legal Help? - Auslan | Treba li vam pravna pomoc? - Bosnian | Burmese â Need Legal Help? | 需要法律帮助吗? - Chinese Simplified | 需要法律幫助嗎? - Chinese Traditional | Trebate li pravnu pomoć? - Croatian | ضرورت به کمک قانونی دارید؟ - Dari | Wïc Kuɔɔny në Wɛ̈t Löŋ? - Dinka | آیا به کمک حقوقی نیاز دارید؟ - Farsi | Gadreva na Veivuke Vakalawa? - Fijian | Kailangan ninyo ba ng tulong na panglegal? - Filipino | Besoin d’aide juridique ? - French | Χρειάζεστε βοήθεια σε νομικά ζητήματα - Greek | क्या आपको कानूनी सलाह चाहिए? - Hindi | Butuhkan Bantuan dalam Masalah Hukum? - Indonesian | Hai bisogno di assistenza legale? - Italian | ត្រូវការជំនួយលើបញ្ហាផ្លូវច្បាប់ឬទេ? - Khmer | 법적인 도움이 필요하십니까? - Korean | Ви треба ли помош со правни работи? - Macedonian | कानूनी सहयोग चाहिएको छ? - Nepalese | Necessita de ajuda com questões jurídicas? - Portuguese | Вам нужна юридическая помощь? - Russian | E Manaomia Fesoasoani i Mea Tau Tulafono? - Samoan | а ли вам треба помоћ у правним питањима? - Serbian | Ma u baahan tahay Caawimmad xagga sharciga ah?- Somali | ¿Necesita ayuda con cuestiones jurídicas? - Spanish | சட்ட உதவி தேவையா? - Tamil | ท่านต้องการความช่วยเหลือทางด้านกฎหมายไหม? - Thai | Fiema’u ha tokoni Fakalao? - Tongan | Yasal Danışmaya İhtiyacınız mı var? - Turkish | Cần Được Giúp Đỡ Về Luật Pháp? - Vietnamese |
LawAccess NSW

Дали ви треба ли правна помош? (Need Legal Help? - Macedonian)

Дали ви треба ли прав​на помош?​ (Audio)

Што е LawAccess NSW?

LawAccess NSW е бес​платна државна телефонска служба која нуди  правни информации, упатување во други служби за помош и во некои случаи, совети на луѓе кои имаат правен проблем во Нов Јужен Велс.

Прво треба да ни се обратите нам за помош  околу вашиот правен проблем.

Како LawAccess NSW може да ми помогне околу мојот правен проблем?

Можеме:

  • да ви дадеме правни информации преку телефон
  • да ви испратиме информации, на пример, информативни листови, формулари, публикации
  • во некои случаи, да организираме некој од нашите правници да ви даде правни совети преку телефон
  • да ве упатиме во некоја друга служба, на пример, ако биде потребно лично да добиете правни совети или специјалистички правни услуги

За какви видови на правни проблеми можам да добијам помош?

Можеме да ви помогнеме со различни правни проблеми или прашања, на пример, околу:

  • одење на суд
  • кривично дело
  • казна или сообраќаен прекршок
  • долг
  • вашето семејство или партнер со кој сте во врска
  • домашно или семејно насилство
  • спор со вашиот сосед
  • проблем на работа
  • ​купување стока и услуги
  • сообраќајна несреќа
  • навремено планирање (тестаменти, ополномоштувања, долготрајно старателство)

Дали можам да добијам правни информации преку Интернет?

Да, на Интернет страниците www.lawaccess.nsw.gov.au​

Интернет страниците можете да ги користите за следните работи:

  • да имате пристап до  правни материјали кои лесно се читаат
  • да најдете правни информации на различни правни теми
  • да барате и користите информации на други јазици
  • да дознаете повеќе за LawAccess NSW и како можеме да ви помогнеме
  • да ги користите  Интернет страниците LawAssist

LawAssist може да ви помогне ако имате правен проблем или самите се застапувате во суд или пред трибунал.

LawAssist има:

  • водичи кои чекор по чекор ве упатуваат како се води судски случај
  • упатства за пополнување на судски формулари
  • списоци за проверка и често поставувани прашања
  • информации за други начини за решавање на правен проблем наместо преку одење на суд
  • видео записи, интерактивни водичи и  графикони

Дали можам да добијам правна помош?

Можеме да ви помогнеме да утврдите дали ќе можете да користите правна помош за вашиот правен проблем и дали ги исполнувате условите за тоа според проверката на приходи која ја прави Legal Aid NSW. Исто така, можеме да ви помогнеме да пополнете молба за правна помош од Legal Aid NSW преку телефон.

Што да правам ако ми треба приватен адвокат?

Ако ви треба помош од приватен адвокат, можеме да организираме Law Society of NSW да ви испрати податоци за најмногу три приватни адвокати кои работат во правната област во која ви треба помош.​

Како да се јавам во LawAccess NSW? 


Можете да телефонирате на 1300 888 529 меѓу 9 ч. наутро и 5 ч. попладне, од понеделник до петок (со исклучок на државните празници).



Ако користите телефонска машина за пишување (TTY), телефонирајте на 1300 889 529.



Ако сте глуви, не слушате добро или имате оштетен говор, можете да не контактирате преку National Relay Service (NRS). Побарајте да ве поврзат со LawAccess NSW на 
1300 888 529.​


Voice (Повик преку 'Глас'): 133 677
Speak & Listen (Повик преку 'Зборувај и слушај'): 1300 555 727
Internet Relay ('Повик преку Интернет'): www.relayserv​ice.gov.au
Video Relay ('Повик преку видео'): Изберете го контактниот број на NRS за повици преку видео што ви е на располагање на Skype


Ако ви е потребен преведувач, телефонирајте во Службата за писмено и усмено преведување (TIS) на 131 450 и побарајте да ве поврзат со LawAccess NSW.


LawAccess NSW е иницијатива на Department of Justice, Legal Aid NSW, Law Society of NSW и NSW Bar Association.​